Balanced Scorecard
Autor: 2810991 • March 15, 2016 • Study Guide • 2,519 Words (11 Pages) • 877 Views
1.Важноста на мерењето и управувањето на организациските перформанси
“Кога можеш да го измериш она што го зборуваш, и да го изразиш браојчано, тогаш навистина можеш да бидеш сигурен дека знаеш нешто за тоа...”
-Лорд Келвин.
Постојат голем број на историски податоци кои јасно ја потврдуваат дамнешната свесност на менаџерите за важноста на поетоењето и примената на различни мерки и индикатори на организациските перформанси. Многумина велеле дека “она што можеш да го измериш, можеш и да го управуваш”.
Со текот на времето, и во согласност со потребите на менаџерите се развиле голем број на индивидуални мерки за мерење на различни аспекти од бизнисот како трошоците во работењето, квалитетот на производите, времето потребно за производствените циклуси, како и различните мерки за продуктивноста на вработените.Токму податоците и информациите кои се добиваат од примената на ваквите и слични мерки на организациските перформанси им обезбедувало на менаџерите солидна основа за следење на работењето, контрола на прогресот кон исполнувањето на зацртаните цели, како и навремено откривање на проблеми во работењето. Мерењето на перформансите се употребувало и како моќно средство за влијание врз однесувањето на вработените и менаџерите. Голем дел од тогаш развиените мерки, показатели и индикатори на резултатите од работењето остануваат актуелни долг временски период.
Кон крајот на 80тите и почетокот на 90тите години на минатиот век, се погласно и поизразено станува незадоволството на менаџерите и научниците поради нееднаквоста и застареноста на овие мерки при донесување на деловни одлуки и контрола на работењето во современи услови. Некои од нив, дури и изјавуваат дека токму тие, традиционалните индикатори на перформансите на компаниите, кои успешно ги применуваа со децении, па и со векови, сега претстауваат главен кочничар на развојот на бизнисите, а информаиите кои се добиваат од нив се неконзистентни со потребите на денешнината. Во таа насока е и изјавата според која “во следните неколку години, секоја компанија ќе мора да изврши ревизија на начинот на мерење на организациските перформанси”-(Eccles).
...